Димитров: Почеток на преговори поттик и за ЕУ да ја одржи европската приказна на земјава

Од:

На 15 октомври ќе имаме средба со историјата. Се надевам дека тогаш ќе го почнеме процесот на преговори со Европската унија. Четиринаесет години сме држава кандидат за членство, изгубивме цела генерација, беше потребно лидерство и државништво и да се сфати дека со сопствен труд и борба можете да ја истуркате својата работа. Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров во обраќањето на Самитот на Западен Балкан што се одржува во Скопје, во организација на Економист.

-Откако го решивме нерешливото, но и од очигледните промени чиј тренд е очигледен, почетокот на преговори ќе биде поттик и за ЕУ да ја одржи европската приказна на земјава, рече Димитров.

Според него, позитивната одлука ќе биде вин-вин ситуација како за нас, така и за нашите соседи, но и за целата Унија, а доколку не се случи тоа, ЕУ ризикува да ја изгуби кредибилноста во тој процес, како и своето влијание.

Би можело да ве интересира

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација