Димитров – Папандреу: Преспанскиот договор ги потврдува заложбите за добрососедство и конструктивни меѓусебни односи

Од:

Историско е значењето на Договорот од Преспа со кој се потврдуваат заложбите за градење добрососедство, инклузивна соработка и конструктивни меѓусебни односи, истакнале на денешната средба во Скопје министерот за надворешни работи Никола Димитров и поранешниот грчки премиер и актуелен претседател на Социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу.

-Северна Македонија е вистински посветена на конструктивен дијалог со грчката влада во градењето меѓусебно партнерство засновано врз пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион во кој граѓаните на двете држави би сакале да живеат. Договорот има значително позитивно влијание врз билатералните и регионалните случувања во однос на зголемена економија, стабилност и просперитет. Неговото понатамошно спроведување се смета за голем чекор во нормализацијата на билатералните односи што ќе им овозможи на двете држави да го искористат целиот потенцијал на политичката и економската соработка, рече Димитров на средбата.

Тој, како што соопшти МНР, ги истакна посветеноста и заложбите на Грција за остварување на европските и евроатлантските перспективи на Северна Македонија и уште еднаш укажа благодарност за грчката поддршка на последниот ЕУ Самит во Брисел и континуираните напори за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ.

Посетата на Папандреу на Скопје е во рамките на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, со цел поддршка и зајакнување на евроинтегративниот процес на земјите од регионот.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија