Димитров – Соботка: Австрија останува силен поддржувач за почеток на преговорите

Од:

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров оствари средба со претседателот на Националниот Совет на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка кој престојуваше во официјална посета на земјава.

Фокусот на разговорите бил ставен на европските интеграции на Македонија и очекувањата од претстојниот Совет на ЕУ.

Димитров потенцираше дека принципиелната и континуирана поддршка од австриските пријатели беше и останува од големо значење за нашите ЕУ аспирации.

Тој информираше за позначајните постигнувања и резултати во клучните реформски области, нагласувајќи дека посетата на австрискиот прв парламентарец доаѓа во контекст на позитивни моменти како новата методологија за пристапниот процес и позитивниот Извештај на ЕК кој ја потврди препораката за отворање на преговорите со нашата држава.

Од страна на гостинот, беше поздравена силната посветеност на македонската Влада за спроведување на реформската агенда, неопходна за забрзување на европската интеграција на земјата.

„Австрија останува силен поддржувач за донесување одлука за отпочнување на преговорите со Северна Македонија во најскоро време“, рече австрискиот претставник.

Двајцата соговорници констатираа дека двете држави оддржуваат блиски и мошне интензивни билатерални односи на повеќе нивоа, како од политички аспект, така и економски, пресликано преку фактот што Австрија е странски инвеститор број еден во нашата земја и спаѓа меѓу оние држави со кои имаме најбогата соработка во различни области од заемен интерес.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани