Димитров: Очекуваме датум за преговори со ЕУ

Од:

Евроинтеграцијата е најдобриот инструмент што го има ЕУ за да им помогне на оние кои сакаат да се променат и да направат реформи, истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на конференцијата за перспективите на Западен Балкан за вклучување во ЕУ, што се одржа денеска во Софија.

Димитров рече дека по позитивниот извештај од ЕК и препораката за преговори, Македонија со право очекува да добие датум за нивно започнување.

– Мислам дека европерспективата не треба остане само зборови, туку да се преточи во конкретни чекори. Ќе биде вистинска трагедија ако на Македонија не ѝ се дозволи да ги започне преговорите за пристапување кон ЕУ. Во последните години научивме многу лекции. Се променивме, имаме силна општествена свест. Единствениот начин на кој можеме да напредуваме е да се соочиме со реалноста, да ги поправиме грешките, рече Димитров.

Тој процес, според Димитров, не е лесен, но е неопходен.

– Но, чудата се можни, ние создаваме чуда во денешно време. Го гледаме европскиот воз и сакаме да го фатиме, рече шефот на македонската дипломатија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија