Димитров: Ние сме приврзаници на холандското мото – стриктно и фер

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска оствари средба со делегација од Министерството за правда и безбедност на Кралството Холандија, предводена од Арјен Таселар, раководител за меѓународна соработка и проекти, и Ханс Јонкир, одговорен за координирање на политиките за меѓународна соработка.

Димитров информираше за реформиските активности на Владата, со фокус на областите на правосудството, реформата на јавната администрација, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и за реформите во работата на безбедносните служби.

„Ние сме посветени приврзаници на холандското мото – стриктно и фер, а во процесот на пристапување кон ЕУ гледаме клучна реформска алатка за квалитативна трансформација на нашето општество, но и платформа базирана на резултати за фер реформски натпревар на земјите во процесот“, истакна Димитров.

Министерот го потенцираше значењето и изрази благодарност за досегашната холандската билатерална поддршка во насока на унапредување на клучните реформски области и градењето демократско општество.

Претставниците на холандското Министерство за правда ја потенцираа потребата од продлабочена имплементација и континуирана испорака на резултати од реформската агенда, со крајна цел – отпочнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија