Димитров: Нема да му вратам на Дачиќ за изјавата за Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров во интервјуто за белградската ТВ Н1 за време на неговата посета во Белград, изјави дека нема да му врати на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за неговата изјава од минатата недела на прес-конференцијата со Никос Коѕијас, дека е грешка што Србија ја признала Македонија под уставното име.

– Мислам дека таквите изјави не помагаат особено. Ние сме министри на две земји, ги претставуваме двата народа, блиски народи. Имаме заедничка историја во Југославија, ќе бидеме заедно, се надевам во не толку далечна иднина во Европската унија и на некој начин нашата блискост не може ништо да ја расипе. Но, од нас зависи дали ќе има „пецкање“ и повремено „боцкање“ или ќе бидеме како браќа, рече Димитров.

Одговарајќи на прашањето за Косово, Димитров кажа дека Македонија во спорот меѓу Белград и Приштина не може да биде голем играч.

– Ја делиме границата и во интерес ни е овој проблем да се реши на најдобар можен начин и за двете страни во разговорите во кои посредуваат Брисел и Федерика Могерини. Ние имаме доволно свои проблеми и не би сакал да бидеме колатерална штета на оваа динамика, рече Димитров за ТВ Н1.

Целото интервјуто на Никола Димитров за ТВ Н1-која е партнер на Си Ен Ен за Србија, Хрватска и БиХ, а кое македонскиот министер за надворешни работи го даде за време на неговата посета на Белград на конференцијата на Европскиот фонд за Балканот, ќе биде емитувано во вторник во емисијата „Нов ден“.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија