Димитров најави консултации со колегите од регионот за ЕТИАС системот на ЕУ

Од:

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров најави дека ќе разговара со сите негови колеги од регионот, чии земји се засегнати од новата мерка на Европската унија за воведување такса за влез на граѓаните на балканските земји кои имаат безвизен режим, со цел да се пронајде заеднички пристап кон ова прашање.

– Сакаме да бидеме дел од ЕУ, а следен чекор би бил дел од Шенген зоната. Во таа смисла слободата на движењето е исклучително важно. Целиот регион, а особено граѓаните на Косово имаат интерес од визната либерализација, посочи Димитров.

Тој најави дека ќе стори се со цел да се избегнат дополителните потешкотии во слободата на движењето.

– Ќе разговарам со сите мои колеги од регионот за да најдеме начин да укажеме дека дополнителни обременувања на таа слобода на движење не се корисни. Рано е да се зборува за тоа што може да се преземе понатаму во делот евентуално воведување на реципрочни мерки од наша страна. Сакаме поголема отвореност, а не дополнително затворање во однос ЕУ кон нашиот регион и кон Република Македонија, додаде Димитров.

Според шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, оваа мерка нема да трае долго.

Тој изрази надеж дека 2018. ќе биде решавачка во однос на зголемување на слободата на движење за граѓаните на Косово.

Воведувањето на системот ЕТИАС ќе бара од жителите на балканските држави и другите земји кои не се членки на ЕУ, но имаат безвизен режим со Унијата, да пополнат електронски формулар со своите податоци и да уплатат такса од 10 евра за влез во ЕУ.

Еврокомесарот за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос вчера изјави дека овој систем ќе значи поголема безбедност и за членките на ЕУ и за земјите од Балканот.

Грчкиот претставник во ЕК инсистира дека системот ЕТИАС ќе биде само мала процедурална мерка за влез во ЕУ, а во најголем број случаи ќе го поедностави патувањето во Унијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани