Димитров: Надлежните институции ги преземаат сите активности за спроведување на фер и демократски избори

Од:

„Одржувањето парламентарни избори во согласност со меѓународните изборни стандарди, се основен столб на демократија и владеењето на правото во земјата. Ова покажува демократски капацитет и зрелост на државата и пред сè на нејзините граѓани и е особено важно во тековниот контекст на европските стратешки цели на земјата. Тоа е национален приорет“, истакна министерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешната средба со Каетана де Зулуета Овтрам, шефица на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентари избори во земјава.

Тој нагласи дека надлежните институции ги преземаат сите потребни активности за спроведување фер и демократски избори, на линија на европските стандарди и практики.

Димитров, како што соопштија од МНР ја запознал соговорничката со последните измени на законската регулатива, согласно препораките на ОДИХР кои претставуваат смерница за дополнително уредување на изборната рамка во согласност со меѓународните изборни стандарди.

Шефицата на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР Каетана де Зулуета се заблагодари за навремената покана со која беше овозможено отпочнување на процесот за набљудување на предвремените избори, како и за конструктивната соработка во текот на претходните избори.

Притоа, го истакна очекувањето дека овие избори ќе бидат демократски и фер и дека ќе бидат потврда на заложбите на државата не само во контекст на ОБСЕ, туку и во контекст на европската интеграција, информираа од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија