Димитров на состанок на ПСЈИЕ на Блед

Од:

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска во Блед ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ, како и на Бледскиот стратешки форум.

– Се очекува на состанокот министерот Димитров да ги изнесе погледите на Република Македонија во однос на актуелните случувања во регионот, најави Министерството за надворешни работи.

На состанокот се очекува Словенија да ги презентира приоритетите на нивното претседавање со Процесот за соработка во ЈИЕ под мотото „SEE4FUTURE”, како и да бидат разменети мислења за годишната агенда на нивното претседавање.

Како што најави МНР, при учеството на Бледскиот стратешки форум Димитров ќе има обраќање на тема „Западниот Балкан и проширувањето на ЕУ“.

Предвидено е македонскиот министер за надворешни работи да оствари и повеќе билатерални средби.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски