Димитров на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ во Дубровник

Од:

Во рамки на финалните активности на претседавањето со Процесот за соработка во ЈИЕ на Хрватска, делегација од Република Македонија предводена од министерот Никола Димитров, денеска во Дубровник ќе учествува на Состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ.

Димитров, како што информираат од МНР, во свое обраќање на состанокот ќе ги изнесе погледите на Република Македонија во однос на актуелните случувања во Регионот и нивното влијание врз целокупната соработка, како и начините за унапредување на истата особено во форматот на ПСЈИЕ. Се очекува дискусија за начините и модалитетите за надминување на сегашните предизвици и максимизирање на заедничките можности користејќи ги досегашните искуства во рамки на Процесот но и со другите иницијативи и организации, особено во секторот за поврзување, комуникација, транспорт и енергија.

Министерот Димитров утре се очекува да учествува на дванаесеттиот по ред традиционален Дубровник форум под наслов “Јадранско-медитеранската соработка и безбедноста во Југоисточна Европа”.

Како и во претходните години, и оваа година Форумот ќе биде посветен на актуелните теми во Регионот, решавање на заедничките предизвици за безбедноста и стабилноста во Јадранско – медитеранската област, можности за развој на бизнис во источниот Медитеран. Исто така во фокусот на дискусиите на Форумот ќе биде и меѓузависноста на состојбите на Блискиот Исток, Северна Африка и Европа, како и мобилноста и образованието на младите.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија