Во организација на министерот за надворешни работи на Естонија, Свен Миксер, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на 12 декември 2017 година во Брисел, ќе учествува на работен ручек со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ.
Дискусиите на работниот ручек ќе се фокусираат на перспективите на земјите од Западен Балкан на патот на интеграцијата во ЕУ, во пресрет на очекуваниот развој на настани во рамките на Унијата за време на првото полугодие на 2018г.: објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК Јункер за проширувањето на ЕУ (февруари 2018); извештаите на ЕК за напредокот на земјите (април 2018) и Самитот ЕУ – З. Балкан во Софија за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, во мај 2018г.
За време на престојот во Брисел, Димитров ќе одржи и брифинг за претставниците на Работната група на Советот на ЕУ надлежна за регионот на Западен Балкан (COWEB) и Работната група надлежна за проширувањето и земјите кои се во преговарачки процес за членство во ЕУ (COELA).