А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров на министерски состанок во Солун

by А1он23/11/2018 - 08:33134
Share0

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, заедно со неговите колеги од Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, учествува на четвртиот министерски состанок во Солун, на покана од алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

Добивај вести на вибер

Квадрилатералната средба започна синоќа со вечера на четворицата министри, додека пак работниот дел ќе започне утрово со обраќање на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, по што ќе следи средбата на министрите за надворешни работи. Потоа предвиден е состанок на министрите за економија и развој, додека пак на крајот од работниот ден, домаќинот Јоргос Катругалос ќе одржи прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидено е темите за дискусија да ги опфатат прашањата во врска со развојот, регионалната соработка и економската интеграција на Балканот, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како и други актуелни настани и прашања од заеднички интерес, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи во пресрет на состанокот.

-Разговорите на министрите за надворешни работи ќе се фокусираат на прашања од заеднички интерес и на случувањата во поширокиот регион, а акцентот ќе се стави на прекуграничната соработка и регионална координација против предизвиците што ги надминуваат границите на секоја земја, како ние кои произлегуваат од континуираната нестабилноста на Блискиот Исток. Исто така, ќе се дискутира и за европската перспектива на Западен Балкан, соопштија вчера од грчкото МНР.

Освен министрите за надворешни работи, на состанокот предвидено е и учеството на високи претставници од Министерствата за економија на четирите земји, а според грчкото МНР, тие ќе разговараат за изнаоѓање начини за зајакнување на екстровертноста, на енергетската соработка и поврзување на четирите економии, преку подобрување на инфраструктурата и искористување на дигиталната технологија.

За претстојниот министерски состанок во Солун, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио „Сто кокино“, вчера рече дека намерата е преку редовните разговори, Балканот од буре барут во Европа, да стане регион што испраќа позитивни пораки. Тој додаде дека состанокот е редовна средба на која се промовира соработката меѓу земјите од регионот во прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста, но се разгледуваат и други теми.

-На пример, заедно со нас, со министрите за надворешни работи, ќе ги имаме и министрите за економија за да разгледаме прашања поврзани со економската соработка во регионот. Претходните средби повеќе беа фокусирани на темите за соработка на министрите за внатрешни работи и цивилна заштита, на прекуграничните теми. Она што сакаме е редовно да разговараме, за Балканот повеќе да не биде буре барут во Европа. Напротив, да биде регион, која испраќа позитивни пораки до Европа и светот, рече Катругалос.

mnr

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен