Димитров-Мас: Задоволство од прогресот во Македонија и од имплементацијата на Договорот од Преспа

Од:

На вториот ден од работната посета на Берлин, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, оствари средба со својот хомолог, министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас. На средбата, министрите разменија мислења за европската и евро-атлантската интеграција на Република Македонија, како и за динамичната билатерална соработка меѓу двете земји, на политички и на економски план.

И во оваа прилика, министерот Димитров повторно изрази благодарност за континуираната билатерална поддршка од СР Германија за имплементација на реформските процеси во Република Македонија, како и за значењето на Берлинскиот процес во овој контекст.

Photothek/ Florian Gärtner

Зборувајќи за домашната политичка ситуација, Министерот Димитров нагласи дека „и покрај предизвиците, можностите за позитивен исчекор и напредок се отворени за Република Македонија.”

Министерот Мас изрази задоволство од севкупниот прогрес во Република Македонија, како и од текот на имплементацијата на Договорот од Преспа, укажувајќи на важноста од заокружување на овој процес, што е предуслов за европските и евроатлантските интеграции на земјата.

Photothek/ Florian Gärtner

За време на работната посета на Берлин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервјуа за Велт и Тагесшпигел, покрај прашањата за евроинтегративниот процес на Република Македонија и Договорот од Преспа, даде свој осврт и за улогата на Сојузна Република Германија во Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија