Димитров: Македонија ќе се распадне исто како и Украина

Од:

Бугарскиот историчар Божидар Димитров смета дека Македонија ќе се распадне поради тоа што во моментов во земјата се случува истото тоа што се случило во сите „вештачки историски проекти“, пренесува Макфакс.

Димитров додал дека во оваа земја од 1,2 милиони луѓе, околу 100 илјади Македонци имаат бугарско државјанство.

„Гледате како се распадна Украина, така ќе се распадне и Македонија“, рекол Димитров, кој е директор на бугарскиот Национално-историски музеј. Коментирајќи ги послдните случувања во Куманово, тој рекол дека Албанците го искористиле моментот кога владата на премиерот Никола Груевски ја претворила Македонија во „европска Северна Кореја“.

„Ништо не треба да се очекува нити од опозицијата, но сепак некој треба да го смени Груевски и веројатно со помошта од некоја западна джрава, започна акцијата за негово отстранување, по моделот на киевски Мајдан“, оценил Димитров.

Бугарскиот историчар, кој е и поранешен бугарски министер без ресор, смета дека Груевски ќе поднесе оставка во наредните десет дена.

„Се надевам дека ќе има избори, овој пат чесни“, заклучил Димитров.

Би можело да ве интересира

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово