А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров: Македонија ќе го продолжи патот кон ЕУ

by А1он07/06/2017 - 20:08282
Share0

Новата влада на Република Македонија ќе го забрза забавениот процес за зачленување во Европската унија со реорганизирање на судството и зајакнување на владеењето на правото, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за „Блумберг“.

Добивај вести на вибер

Димитров вели дека новата влада ќе се обиде да ги поправи односите откако ЕУ упати критики кон Македонија за слабото судство и уназадувањето на демократијата за време на поранешниот премиер Никола Груевски. Шефот на македонската дипломатија истакнува дека новиот премиер Зоран Заев ќе ги поништи „авторитарните“ практики кои ја одвлекоа земјата од нејзиниот пат кон интегрирање во ЕУ и НАТО.

– Имавме влада каде водачот, моќник, можеше да решава за судбината на секој граѓанин или фирма, без оглед дали се работеше за кривична постапка, вработување или среќа. ЕУ одлучи да биде искрена и рече дека Македонија е заробена држава. Сега имаме голема планина пред нас, вели Димитров во неговото прво интервју како министер за надворешни работи.

„Блумберг“ во контекст на интервјуто на Димитров, пишува дека „Заев ја презеде функцијата во време кога неговата земја е во центарот на борба за влијание во поранешната комунистичка Европа меѓу Русија и нејзините противници од Студената војна. Груевски, поддржан од Москва, упорно ги отфрлаше обвинувањата на ЕУ дека ја заробил државата и велеше дека блокот ги занемарувал неговите напори за реформирање на земјата со два милиона жители. Патот на републиката, која нема излез на море, кон зачленување во ЕУ и НАТО беше блокиран и поради спор со Атина поради името „Македонија“, кое покрај земјата го носи и еден грчки регион“, наведува „Блумберг“.

Димитров во интервјуто најавува и дека ќе ги заживее разговорите со Грција и дека за секое решение „ќе се гласа на референдум“.

– Важно е да се постигне решение што граѓаните ќе го прифатат и со кое нема да се чувствуваат понижено, вели министерот Димитров, кој беше и преговарач во спорот за името.

„Блумберг“ пишува и дека „ЕУ и САД одиграа влијателна улога во надминувањето на застојот меѓу Заев и Груевски, кој беше најлошиот застој во земјата по крвавиот распад на Југославија“.

– Партијата на Груевски не обезбеди парламентарно мнозинство откога победи на изборите во декември, а претседателот Ѓорге Иванов, сојузник на Груевски, не му дозволи на Заев да формира коалиција со партии што ги застапуваат етничките Албанци, со изговор дека тоа ќе довело до нестабилност. Иванов попушти под притисој од Вашингтон и Брисел откако прогруевски демонстрантито минатиот месец, при што го нападнаа Заев и го повредија него и десетици други луѓе. Заев стекна влијание за време на двегодишните протести што уследија откога објави снимки од наводното незаконско прислушување на 20.000 судии, полицајци, политичари и други Македонци од Груевски, неведува „Блумберг“.

– Сега мора да ги обнови институциите и да ги отстрани пречките што ЕУ може да ги употреби како оправдување за одложување на преговорите со земјата. Процесот на пристапување некогаш личи на преправање – политичките елити во регионот се преправаат дека реформираат, а земјите членки се преправаат дека ги интересира. Нашата цел не е да се зачлениме во ЕУ само за да се зачлениме. Сакаме да имаме европска земја, изјави Димитров, кој е и поранешен амбасадор на Македонија во Вашингтон.

„Блумберг“ се осврнува и на руските реакции на состојбата во Македонија. – Кремљ ги поддржа обвинувањата на Груевски дека владата на Заев ќе поттикне етнички тензии и укажа на судир меѓу полицијата и „албански бунтовници“, како што ги нарече поранешната влада, близу границата со Косово во 2015 година, кога загинаа 20 луѓе, посочува „Блумберг“.

Димитров одрекува дека постои некаква поврзаност. – Конфликтот во Македонија немаше никаква врска со етничкото потекло. Се работеше за демократија против автократија и за одговорност против неказнивост, оценува шефот на македонската дипломатија во интервјуто за „Блумберг“.

dimitroveu

Би можело да ве интересира

ЕУ минатата година потроши 25,2 отсто од својата енергија од обновливи извори

Горан Наумовски19/12/2025 - 07:06

ЕУ конечно постигна договор за Украина – сепак Унгарија, Чешка и Словачка нема да учествуваат во аранжманот

Горан Наумовски19/12/2025 - 06:5219/12/2025 - 06:53

САД и европските сојузници подготвуваат безбедносни гаранции за мир во Украина

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:04

ЕУ: Земјите од Западен Балкан да вложат напори за промовирање и да најдат решенија за регионалните и билатералните спорови

Горан Наумовски17/12/2025 - 21:46

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ

Горан Наумовски17/12/2025 - 18:24

Блумберг: Зеленски утре ќе присуствува на самитот на ЕУ во Брисел

Горан Наумовски17/12/2025 - 17:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен