Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

Од:

„Општина Карпош има сериозен потенцијал, особено во делот на културата, спортот и младите, но тој потенцијал досега не е искористен. Нашата програма е заснована на реконструкција и репарирање на постојната инфраструктура на културните објекти, отколку на нови градби. Мислам дека е доволно изградено, во изминатите мандати се отиде многу јако со градење згради, претежно на државно земјиште“, истакна Антонио Димитров, кандидат за градоначалник на Левица за Општина Карпош во видеоинтервју за „Слободен печат“.

Димитров објаснува дека програмата се фокусира на обновување на постојните културни центри. „Меѓутоа, нашата идеја изразена во програмата е да одиме повеќе кон некаква реконструкција на тоа што е изградено уште во социјализмот. Порано во секоја општина имало културен центар. Кино имало во Влае и во Ѓорче Петров, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош. Сето тоа е или приватизирано или руинирано, зошто да не го вратиме тој концепт на културни центри во секоја општина, како што било замислено некогаш. Скопје е европски град на културата за две години отсега. Тоа е во технички термини утре.“

Димитров истакнува дека враќањето на културните центри не значи само обновување на објектите, туку и обновување на културниот живот во општината, со достапност на културни активности за сите граѓани. „Нашата идеја е да одиме кон реконструкција на тоа што е изградено уште во социјализмот и да ги обновиме културните центри во секоја општина“, додава тој.

Тој потенцира дека многу од старите културни објекти се приватизирани или во лоша состојба, па е неопходно повторно да се врати концептот на културни центри за граѓаните.

Со наближувањето на статусот на Скопје како Европски град на културата, според Димитров, инвестирањето во културната инфраструктура станува уште поважна и стратегиска цел. „Скопје ќе биде Европски град на културата за две години, и тоа е дополнителен мотив да инвестираме во културната инфраструктура“, заклучува тој.

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ