Димитров и Анагностопулу потпишаа Спогодба за отворање на ГП Маркова нога-Лемос

Од:

Шефот на дипломатијата Никола Димитров и алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу денеска во Скопје потпишаа Спогодба за отворање на нов граничен премин во регионот на Преспанското езеро, Маркова нога – Лемос.

Грчката министерка Анагностопулу по средбата со Димитров се заблагодари на гостопримството и изјави оти е среќна за потпишувањето на овој историски договор и оти претстои продлабочување и зајакнување на соработката и на односите меѓу двете земји.

Димитров, од своја страна, посочи оти по историскиот успех од Преспа, повторно имаме историски договор, бидејќи, како што рече, за првпат со договорот се применува и името и терминологиите договорени во Преспа.

– Задоволство ми е што овој договор за отворање на граничниот премин Маркова Нога-Лемос во регионот на Преспа, го потпишавме на три јазици, на македонски, грчки и на англиски јазик. Македонски јазик што е важен за нас, што го зборуваат граѓаните на Република Северна Македонија, и на нашата дијаспора, и што не се однесува на грчките Македонци, во контекст на Членот 7 од Договорот, рече Димитров.

Ова е прв договор потпишан меѓу Северна Македонија и Грција, согласно одредбите од Конечната спогодба, со кој се очекува дополнителен развој во односите, интензивирање на комуникацијата и севкупен развој на Преспанскиот регион.

На средбата со Анагностопулу беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на Преспанскиот договор со цел осмислување и развивање на сеопфатна и интензивна соработка во сите области, чија што крајна цел се позитивни, видливи и конкретни резултати во полза на граѓаните на двете земји. Беше рaзговарано и за поддршката што Грција и ја дава на нашата земја во контекст на евроинтегративниот процес.

Ова е прва посета на министерот Сиа Анагностопулу надвор од Грција по нејзиното преземање на функцијата алтернативен министер за надворешни работи, што ја отсликува важноста што Владата на Грција и ја дава на односите со Република Северна Македонија, стои во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани