Димитров: Добивме втора шанса за Македонија да изгради вистинска европска демократија

Од:

Очекувањата и надежите на македонското општество се многу високи, ние добивме втора шанса за Македонија да изгради вистинска европска демократија и ние мора да ја искористиме оваа шанса, изјави министерот за надворешни работи Никол Димитров за онлајн изданието на германскиот весник „Шпигел“.

„Шпигел“ во текстот со наслов „Македонија по состојба на криза“ пишува дека министерот Димитров изминатите недели патува низ Европа за да обезбеди поддршка од своите колеги дипломати за евроатлансткиот пат на државата, како и за исполнување на тешката мисија на новата македонска Влада за решавање на проблемите со соседите, барањата на албансаката заедница во државата и справување со економските и социјални проблеми на државата.

Во однос на спорот за името со Грција, весникот наведува дека, новата македонска Влада очекува да влезе во НАТО под привремената референца и да започне пристапни преговори со ЕУ.

– Ние не сакаме нова рунда на меѓусебни обвинувања. Ние мора, исто така, да бидеме тоа што сме – Македонци. Ние не бараме ништо што не ни припаѓа нам, но не може да очекувате дека ќе се откажеме од нашата душа и достоинство, истакна македонскиот министер Димитров.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија