Димитров-Данкан: Британска поддршка за референдумот и за реформите

Од:

Министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан на средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров го истакнал значењето на исходот од референдумот и важноста од постигнување уште повидливи резултати во реформите.

На средбата, како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, британскиот министер го поздравил постигнатиот напредок во реформите за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО, акцентирајќи го примерот што го дава нашата земја во градењето пријателски односи во регионот преку надминување на споровите со соседите, склучувајќи ги договорите со Бугарија и со Грција.

Министерот Димитров изразил благодарност за јасната и континуирана помош од Велика Британија во однос на македонските европски и евроатлантски аспирации, истакнувајќи ја важноста на Самитот за Западен Балкан, што се одржа во јули во Лондон.

– Посетата на министерот Данкан претставува израз на силната и континуирана поддршка на Велика Британија за напорите на Република Македонија да стане рамноправен член на европското и евроатлантското семејство на слободни и просперитетни нации, велат од македонското МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија