Димитриевски тврди: Ѓорѓиевски е еден од најквалитетните градоначалници во Македонија

Од:

Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, изјави дека партијата е во финална фаза на преговори со коалициските партнери, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, за заеднички настап на претстојните локални избори.

– Сите кандидати на ЗНАМ ќе бидат поддржани таму каде што ќе постигнеме договор со нашите коалициони партнери во владата. Во кои општини ќе биде тоа – ќе соопштиме по завршување на преговорите, рече Димитриевски, додавајќи дека очекува ЗНАМ да има значително поширока застапеност низ целата држава, а не само во општини како Куманово и Центар.

Тој нагласи дека кандидатите на ЗНАМ се луѓе со личен авторитет, докажани во своите професии и подготвени да понудат нови решенија. Информираше дека е во тек постапка за евидентирање на кандидати за градоначалници и советници, а конечните одлуки ќе бидат донесени од партиските органи во наредниот период.

Во однос на кандидатурата за градоначалник на Град Скопје, Димитриевски го поддржа актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски:

-Ѓорѓиевски е еден од најквалитетните градоначалници во Македонија. Сметаме дека е добро решение за Скопје и мислам дека е донесена добра одлука. Очекувам дека истиот ќе ја добие поддршката од Скопјани уште во првиот круг, рече Димитриевски.

За кандидат за градоначалник на општина Центар, тој изјави дека сè уште се прават анализи и се разгледуваат повеќе имиња од различни сектори, а конечната одлука ќе ја донесе партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

Движењето ЗНАМ го одбележа вториот роденден: Со освојувањето на шест пратенички мандати ЗНАМ стана фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето

Горан Наумовски

СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ

ЗНАМ: Нашиот став, но и тој на Владата е јасен, нема простор за прифаќање на мигранти во Македонија

Горан Наумовски

ЗНАМ: Среќа за сите што Милошоски не е премиер на Македонија