Димитриевски: Референдумот, историска одлука за идните генерации

Од:

Куманово посакува да биде составен дел на Европа, кумановци сакаат да живеат подобар живот и сакаат обезбедена егзистенција, просперитет, стабилност. Референдумот на 30 септември е клучното прашање на кое граѓаните ќе одлучат за просперитет и подобра иднина, поголеми инвестици во градот, соодветен развој на општината, регионите, државата, рече градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски на денешната прес конференција на градскиот плоштад.

Тој истакна дека Македонија низ историјата поминала низ различни крстопати и секогаш македонските граѓани знаеле да донесат вистинското решение.

– Ја користам оваа пригода да дадам целосна поддршка на референдумското прашање на 30-ти овој месец, бидејќи носиме одлука за нас и нашите деца и историска одлука за идните генерации. Влезот во НАТО значи загарантирани граници и економски развој, рече Димитриевски.

Додаде дека повторно сме исправени пред историски предизвик да се биде член на НАТО, да се биде член на ЕУ.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци