Димитриевски: Никогаш нема да поддржиме промена на Уставот доколку не се направи јасна дистинкција на македонскиот јазик

Од:

Лидерот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски денеска во изјава за медиумите рече дека немаат проблем да ги внесат Бугарите во Уставот, но дека нема да прифатат уставни измени доколку не се направи јасна дистинкција на македонскиот јазик и тоа да биде потврдено во европска институција.

По завршувањето на вториот Конгрес на партијата, Димитриевски рече дека билатералниот проблем со соседна Бугарија најдобро би се решил на релација Скопје – Софија, но дека таа шанса била испуштена со прифаќање на Францускиот предлог.

– Никогаш нема да поддржиме да направиме промена на Уставот или пратениците на ЗНАМ да гласаат во Парламентот доколку не се направи јасна дистинкција на македонскиот јазик и се потврди тоа во европска институција, затоа што нашите соседи од официјална Софија многу лесно со претходната власт трансферираа еден билатерален проблем во мултилатерален. Денеска седат по страна и испраќаат пораки од Софија, а ние преговараме со Европската унија за билатерално прашање. Сметам дека овој проблем најдобро би се решил на релација Скопје – Софија, но за жал, таа шанса беше испуштена со прифаќање на Францускиот предлог и денеска ние сме во ситуација, како што и тврдев, дека ќе има нови барања, рече Димитриевски.

За ЗНАМ, како што посочи, е неприфатливо дека имаме заедничка историја и дека говориме дијалект на бугарскиот јазик.

– Тоа за ЗНАМ е неприфатливо, а тоа е неприфатливо и за нашите владини партнери. Се додека имаме усогласени политики ќе делуваме заедно и верувам дека никој нема да успее да не скрши, а еден ден ќе седиме во ЕУ, со крената глава како горди Македонци кои зборуваат македонски јазик, рече Димитриевски.

За посетата на еврокомесарката за проширување Марта Кос која од утре доаѓа во земјава, лидерот на ЗНАМ рече дека таа е секогаш добредојдена, но дека не е ништо повеќе европеец од граѓаните на земјава и од оние што живеат на Балканот.

– Г-ѓа Кос е секогаш добредојдена во Македонија, но таа не е ништо повеќе европеец отколку што сме јас и вие, и сите граѓани на Македонија и сите жители кои живеат на Балканот. Бидејќи сите сме родени на ова тло коешто се вика Европа, ние во источна Европа а не, како што тие не нарекуваат, Западен Балкан. И сметам дека еден ден Македонија ќе седи на таа маса, но ниту во еден случај ЗНАМ нема да дозвли да се потцениме самите себеси. Ќе седиме рамноправно со сите на таа маса во Европската унија со крената глава како горди Македонци кои зборуваат македонски јазик и под никој друг услов, рече Димитриевски.

Димитревски денеска повторно ја доби довербата од делегатите на Конгресот да ја води партијата во следниот период.

Би можело да ве интересира

Мемов: Случајот во градинката „13 Ноември“ во Дебар маало не е изолиран инцидент, тоа е аларм

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Генерал Горанчо Котевски, поранешен Началник на Генералштабот на АРМ за носител на Советничката листа за град Скопје

Лабудовиќ присуствуваше на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември

Горан Наумовски

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Димитриевски: По одржувањето на седница на највисоките тела на Движењето ЗНАМ ќе биде соопштен ставот за кандидатите за градоначалници

Горан Наумовски