Димитриевски: Нашиот политички субјект ќе биде позициониран во центарот, а во делот на социјалните политики ќе се движиме кон лево

Од:

Регистрацијата на политичката партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија е во целост завршена пред надлежниот суд. Добивме решение за регистрација и наскоро правниот субјект од формално правен аспект ќе биде целосно ставен во функција, информираше претседателот на новата политичка партија и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски на брифингот со новинари.

Седиштето на партијата е во Скопје, новоотворените простории на булевар „Климент Охридски“ бр.66 ќе бидат главниот изборен штаб за следните парламентарни избори, а согласно плановите на партијата ќе следува отворање на дополнителни простории и канцеларии.

„Нашиот политички субјект ќе биде позициониран во центарот, а во делот на социјалните политики ќе се движиме кон лево, бидејќи сметаме дека најголем дел од членовите, барем до сега и оние кои што се заинтересирани да членуваат во нашиот субјект во делот на социјалните политики сметаат дека Македонија е социјална држава, во која што треба да се даде еднаква можност за сите и каде што во едно такво социјално општество оние кои што имаат повеќе ќе треба да одвојат повеќе за да може да се избалансира односот во социјалните средини, како би можело да се подигне повисоко ниво на раст и развој на најсиромашните граѓани во државата и во општеството”, потенцираше Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Излезете масовно на гласање – Куманово заслужува континуитет, а не импровизација

А1он

ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ

Димитриевски најави нови паркинзи, зелени површини и детски катчиња на повеќе локации во Куманово

Димитриевски: Проблеми имало и ќе има, со посветена работа ќе ги решаваме без да застанеме

Горан Наумовски

ЗНАМ: СДСМ, ресетирајте се – излезете од канџите на муртинските коруптивни мрежи!

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Субвенции за годишен сервис на лифтови и хидранти – за безбедни згради и сигурни граѓани