Димитриевски: На нас не ни требаат споменици и двокатни автобуси

Од:

Kандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Зоран Дамјановски синоќа се сретна со жителите на населбата Иго Тричковиќ.

Дамјановски на присутните им вети дека ќе продолжи да ги реализира проектите како што тоа го правеше во изминатите 8 години и нагласи дека ќе ја доврши канализационата мрежа, ќе го среди училиштето и ќе ги доасфалтира улиците.

-Знаете дека јас ги исполнувам своите ветувања кон жителите на оваа населба, која стана репрезент како треба да се уредува една урбана заедница. Во изминатиот период ја направивме и осветливме главната улица во населбата, како и пристапните сообраќајници кај Магаза и Тромеѓа. Со исто темпо ќе продолжиме и во наредните 4-ри години, откако на 24-ти март ќе прославиме голема победа – изјави Дамјановски.

dimitrievski-kumanovo

Носителот на листата на советници на Сојузот на иднината, Максим Димитриевски истакна дека грѓаните знаат да проценат кој им мисли добро и кој треба да ја води општината и државата.

-Нема што да бараат во Куманово за локалните избори, бидејќи нас не ни требаат споменици, двокатни автобуси и непродуктивни проекти. Нас ни треба инфраструктура, патишта, спорт, култура, сите работи кои локалната власт ги реализира во континуитет. Од овде му порачувам на Груевски да си замине, а од 24-ти од Куманово ќе започне пропаѓањето на неговата власт, бидејќи народот е со нас- истакна Димитриевски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември