Димитриевски: Ќе понудиме Национална платформа за македонско национално единство

Од:

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија официјално утре до сите парламентарни политички партии ќе понуди Национална платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии, објави денеска претседателот на партијата Максим Димитриевски на Свечената академија што се одржа по повод една година од постоењето на партијата.

Целта на оваа платформа, потенцира, е да ги обедини сите политички фактори, да се изгради државен став со кој ќе се обезбеди и гарантира достоинствен пат на Македонија за остварување на стратешките цели – полноправно членство во ЕУ. Време е, порача Димитриевски, Македонија да ја вратиме на крушевските принципи, така како што пишува и пишале во Манифестот.

– „ЗНАМ“ нуди платформа за национално обединување, за заедничко градење на силна, моќна, слободна и европска Македонија, во која сите граѓани се еднакви во правата и одговорностите кон идните генерации, платформа за мир, слобода и реален вистински соживот, бидејќи ова што денес го живееме, во општество каде децата ни се поделени од градинка и основно образование е само фикција, за земја која на секој граѓанин му обезбедува спокој, можност за развој и чувство на достоинство. Ве повикувам да се сплотиме околу заедничките вредности, да продолжиме напред на европскиот пат сите заедно со чест и достоинство. Доста е со поделби, раздори и не почитување бидејќи Македонија е се што имаме, повика Димитриевски.

До премиерот Христијан Мицковски, кој присуствуваше на Свечената академија, Димитриевски со порака: не чека голема работа, а ние од „ЗНАМ“ сме тука да го поддржиме овој концепт и секогаш ќе го поддржуваме кога се работи за подобра иднина на македонскиот народ на граѓаните на Македонија и на наша Македонија.

Претседателот на ЗНАМ се осврна и на претседателската кампања, кога, како што потсети, кажал една реченица, дека можеби е дојдено времето во Македонија повторно да се сплотат и спојат, како што рече, партизаните и комитите, како што некогаш во Втората светска војна нашите предци го направиле тоа.

Би можело да ве интересира

Движењето ЗНАМ оствари средби со граѓаните, членовите и симпатизерите во Пробиштип и Кратово

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ и ЗНАМ попусто го бришат името Македонија – Грција и Бугарија со нова амандманска блокада

Левица: Директорот сака да го укине превозот на работниците во психијатриската болница – Демир Хисар

ЗНАМ за наша Македонија: Секој кој што соработува со нереформираната ДУИ е неприфатлив за политички партнер

Горан Наумовски

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

Димитриевски: Сочуство до семејствата на загинатите, брзо закрепнување на повредените

А1он