Димитриевски: И покрај тоа што водиме позитивна кампања притисоците од власта од ден на ден се зголемуваат

Од:

Претседателскиот кандидат од движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната прес-конференција алармира на притисоци од власта за кои како што рече имале за цел да го оттргнат од целосна посветеност на изборниот процес.

Димитриевски на денешната прес-конференција пред седиштето на движењето „ЗНАМ-За наша Македонија“ во Скопје, рече дека за неполн месец се соочил со две обвиненија, а со притисоци се соочувале и вработени во јавна и државна администрација, како и граѓани од ниски социјални слоеви.

-Тоа се непринципиелни методи, обиди за притисоци од аспект на вработени во јавна и државна администрација, дополнително луѓето од ниските социјални слоеви добиваат непристојни понуди нешто што и во минатото се случувало, а кога станува збор за мене ќе поставам само прашање – Дали имало до сега случај во државата било кој од досегашните претседателски кандидати во неполн еден месец против него да бидат поднесени две обвиненија и да биде повикан двапати пред јавен обвинител и еднаш пред надлежен суд, а следно рочиште е закажано за 30 во текот на кампањата?! Тоа е дополнителен притисок кон мене кој има за цел да ме одврати од намерата во мојата борба заедно со граѓаните да ги смениме нештата во нашата напатена Македонија и дополнително да ми одземе време да не можам да се посветен на изборниот процес и да ја презентирам програмата, појасни тој.

Рече дека и покрај притисоците ќе продолжи и понатаму со позитивната кампања, како и да го дава својот максимум.

-И покрај притисоците јас ќе продолжам да го давам својот максимум, да ја презентирам својата програма во целост пред граѓаните. Успеавме да посетиме голем број на места и градови во државата, сретнавме луѓе кои даваат огромна поддршка на ЗНАМ и на мене како претседателски кандидат. Денеска ќе бидеме тука во Карпош и Центар и ќе оствариме средби со граѓаните. Во таа прилика покрај скромниот промотивен материјал ќе им ја доставиме и нашата предизборна програма, а верувам дека до крајот на кампањата ќе успееме да го посетиме секој дом и да ги увериме граѓаните дека нештата во Македонија можат да бидат поинакви, изјави Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Македонија мора да се обедини доколку сака да се зачува и опстане

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манојловска: Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Димитриевски: Конечно правдата излезе на виделина

Немало докази за направена штета, објаснување од Обвинителство за повлеченото обвинеие против Максим Димитриевски

Обвинителството се откажа, Максим Димитриевски нема да одговара за супензијата на урбанистичкиот план