Димитриев во Виена на Самит „Миграцијата долж балканската рута“

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денеска во Виена ќе присуствува на Самитот „Миграцијата долж балканската рута“, јави дописникот на МИА од Виена.

На овој Самит, на покана на канцеларот Керн се очекува да присуствуваат и канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерите Миро Церар од Словенија, Дачијан Чолош од Романија, Алексис Ципрас од Грција, Тихомир Орешковиќ од Хрватска и Бојко Борисов од Бугарија од земјите-членки на Европската унија.

Од земјите долж западно-балканската рута што не се членки на Унијата, освен македонскиот премиер Димитриев, поканети се и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама и премиерот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Пред денешниот важен Самит за Македонија, но и за Европската унија, премиерот Димитриев во изјава за МИА вели дека ова е состанок за иднината на земјите долж рутата и справувањето со бегалската рута.

– Гледано ретроспективно што Република Македонија направи во справувањето со светската глобална тенденција за мигрирање на голем број на народи ние ќе го истакнеме на утрешниот Самит. Јас можам да кажам дека без разлика што Република Македонија е мала земја со ограничени ресурси, сепак одигра една од клучните улоги во справувањето со мигрантската криза и беше една од клучните земји на балканската рута на движење на мигрантите. Целата активност беше во содејство со инструкциите и во соработка со нашите партнери од европските земји и беше насочена кон хуман, квалитетен прием на мигрантите и нивно спроведување до понатамошните нивни цели.

Според претседателот на македонската Влада, денешниот состанок е важен и од аспект дека е добра можност да се сподели целото искуство што Република Македонија го има стекнато на планот на справување со мигрантската криза.

– Се работи за исклучително специфична ситуација што во себе содржеше повеќе елементи. Тоа не беше типична мигрантска криза. Беше криза што во себе содржеше голем дел и безбедносни елементи и различни структури што транзитираа низ регионот. Ова беше криза што имплицираше неопходна реигоналн и мултилатерална соработка во која Република Македонија одлично се снајде и покажа дека заслужува да биде дел од Еворпската унија. Впрочем, тоа беше кажано и на последниот Самит ЕУ-Западен Балкан дека во делот на мигрантксата криза, Република Македонија се однесувала токму европски, додава Емил Димитриев.

Би можело да ве интересира

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов