Димитриев: Сегашната Влада е политичка, а не техничка

Од:

Оваа Влада е политичка, не е Влада за спроведување на изборите бидејќи нема датум за нивно одржување и ние сме концентрирани на реализација на програмата, изјави премиерот Емил Димитриев по денешната посета на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

– Не знам зошто повеќе се користи терминот техничка влада. Законот е многу јасен – техничка влада, односно влада за спроведување на изборите се формира 100 дена пред изборите.

Во периодот пред и потоа си функционира политичка влада концентрирана на реализација на програмата со која го добила мандатот, рече Димитриев одговорајќи на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски