Димитриев: Одложувањето на изборите ја пролонгира кризата

Од:

Сите обврски за спроведување на предвремените парламентарни избори и на 24 април и на 5 јуни се реализирани, но поради исходот од политичките разговори на двапати имавме одлагање на изборите и пролонгирање на политичката криза која има негативни ефекти во функционирањето на државата.

Ова го истакна премиерот Емил Димитриев прашан за коментар за одложувањето на изборите.

– Новата реалност во ситуација е да се посветиме силно на реализација на програмата на Владата, на реформите и на крупните проекти од различни области – инфраструктура, земјоделство, здравство… и паралелно со тоа да течат политичките разговори меѓу политичките партии за да се утврди нов термин за одржување на избори, рече Димитриев по координативниот работен состанок во Владата на тема „Акциски план за реализација на итните реформски приоритети“.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он