Димитриев: Логично е победник со победник да ја составуваат новата влада

Од:

Како партија го овластивме претседателот Никола Груевски да ги води разговорите за состав на новата влада. Во моментот не сакам да прејудицирам било што околу преговорите кои се во тек. Рокот го знаеме и секако дека ќе мора да има одреден епилог, изјави денеска премиерот Емил Димитриев.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на новоотворената градинка во општина Аеродром, премиерот Димитриев рече дека е логично победник со победник да ја составуваат новата влада.

Димитриев очекува дека ќе се надмине кризата и оти по формирањето на новата влада ќе почне реализацијата на проектите коишто се од интерес за граѓаните.

– Како и сите граѓани, очекувам да ја надминеме кризата. На никого не му е во прилог тензична состојба во која институциите се во грч, а граѓаните во неизвесност. Очекувам сето тоа да се релаксира со формирањето на новата влада бидејќи постојат многу потреби коишто треба да бидат реализирани за граѓаните, а кои се дел од програмата со која победивме, истакна претседателот на Владата Емил Димитриев.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември