Димитриев: Кина има интерес да инвестира во нашите региони

Од:

Петтиот состанок на 16 централно-источни европски земји со Народна Република Кина во Рига, Летонија е важен настан за сите земји што се тука присутни. Македонија ќе го пренесе искуството од соработката во овој формат, бидејќи ние веќе користиме средства од Фондот на Кина со кои финансираме автопатна инфраструктура, порача претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев пред отворањето на самитот во Рига. 
 
Како што јавува известувачот на МИА од Рига, премиерот Димитриев посочи дека „на овој Самит ќе се отворат и други прашања што би биле предмет на идна соработка“.
 
– Јас очекувам дека и останатите земји ќе имаат активно учество со конкретни предлози со цел самиот формат да ја реализира својата цел за која е и наменет. Тоа го кажав и на вчерашната средба со кинескиот премиер Кечијанг Ли, дека можностите да соработуваме се огромни и нам ни е драго што НР Кина има интерес да инвестира во овие региони, истакна Димитриев во изјава за МИА пред самиот почеток на вечерашниот Самит.
           
Во однос на билатералните средби што Димитриев утринава во Рига ги имаше со премиерите на Бугарија и на Чешка, Бојко Борисов и Бохуслав Соботка, македонскиот премиер со изјава дека тие минале во позитивна атмсофера.
 
– Со премиерот на Бугарија, разговаравме, пред се, за теми од економската сфера, односно како да ја подобриме трговската размена меѓу двете земји и како да направиме поквалитетна патна и железничка инфраструктура со која се поврзуваат двете земји. Можам да констатирам дека по многу прашања имавме конкретни разговори и пристапот на двете страни, навистина беше целисходен и јас очекувам дека во иднина ќе бидат затворени сите отворени прашања што се меѓу нашите две земји, со цел подобра билатерална и регионална соработка меѓу нашите две земји, посочи Димитриев.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски