Димитриев: Ја повикувам опозицијата на конструктивност

Од:

Во своето експозе, Емил Димитриев, мандаторот за состав на новата Влада, рече дека Република Македонија се наоѓа во значаен политички момент.

Ние, рече, тензиите да ги замениме со хармонија, ризиците со шанси.

„Да дадеме нов ветер во грб на евоатланските интеграции. Ние тоа го можеме, а знаеме и како. Македонија е нашата татковина и ние треба да и возвратиме. Голема одговорност и чест е да се предводи Владата која ќе ги организира изборите. рече Емил Димитриев, мандаторот за состав на новата Влада.

Му се заблагодари, како што рече на премиерот Никола Груевски за се што направи и што му ја дал довербата да ја предводи преодната Влада.

„Преодната Влада ќе го продолжи патот за реализација на изборниот процес. Основна цел се фер и демократски избори. Државните институции ќе дадат максимална поддршка на ДИК за реализација на зацртаните цели. Ја повикувам опозицијата на конструктивност. Преодната Влада ќе направи се за фер и демократски избори. И вие треба да се вклучите во овој процес.Максимално фокусирани ќе останеме на реализација на владините проекти. Сите членови на Владата не смеат да отстапат од проектите кои се зацртани“, рече Димитриев.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада