Димитриев: Идните генерации да земат пример од делата на Мајка Тереза

Од:

Канонизацијата на Мајка Тереза е голем настан за Република Македонија и за македонскиот народ. Денеска добивме уште еден светец по потекло од Македонија, што само по себе ја покажува големината на настанот, изјави премиерот Емил Димитриев по прогласувањето на Мајка Тереза за Светица во Ватикан.

Димитриев, јави известувачот на МИА, рече дека присуството во Ватикан на македонската делегација е одраз на почит на нејзината големина. Информира дека имале куса средба со Папата Франциск која ја искористиле уште еднаш да ја реафирмираат поканата за негова посета на Македонија.

– Во овие моменти на условно кажано политичка криза која Македонија ја држи подолг период убава беше приликата да се сетиме на делата на Мајка Тереза и за можноста тие вредности да ги споделиме во овие моменти кога имаме силна политичка битка помеѓу политичките партии дека сепак хуманоста, добродетелта, почитувањето едни со други, вредности што ги промовираше Мајка Тереза, апсолутно би ни помогнале во надминување на оваа политичка криза, бидејќи нејзината помош не беше условена ниту од вера, ниту од боја на кожата, ниту од раса, истакна Димитриев.

Тој смета дека нејзината космополитска димензија беше круна на сето она што таа го има направено за човештвото и дека ќе биде поука за идните генерации да земат пример од делата што ги правеше Мајка Тереза.

Би можело да ве интересира

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов