Димитриев и Груевски во посета на загрозените скопски подрачја

Од:

Премиерот Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кои поради синоќешното невреме ги прекинаа годишните одмори, се во посета на најпогодените подрачја во Скопско.

Димитриев и Груевски се во придружба на министрите за здравство и за труд и социјална политика, Никола Тодоров и Диме Спасов. Тие информираа за помошта што им се доставува на локалните жители во Стајковци, Економија, Инџиково, Сингелиќ и останатите критични точки.

– Заклучивме да напрвиме листа на сите потребни артикли веднаш. За таа цел на владина седница формиравме заедничка комисија на министерствата за одбрана, внатрешни работи и труд и социјала, како и Црвениот крст. Се обратија и неколку соседни земји за помош, информира премиерот Димитриев.

Груевски сугерираше да се реагира што поскоро за обезбедување повеќе пакети помош.

Би можело да ве интересира

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија