ДИК: Водство на Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

На предвремените парламентарни избори, според Државната изборна комисија, од обработените податоци од 1.114 избирачки места во Република Македонија, односно 31,70 од вкупниот број, во водство е „Коалицијата за подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 90.954 гласа или 41,56 проценти од гласовите.

СДСМ и коалицијата освоиле 46.179 гласови или 21,10 проценти, ДУИ 40.207 или 18,37 проценти од пребројаните гласови и ДПА 18.160 гласови односно 8,30 проценти.

Податоците од овие избирачки места покажуваат дека ГРОМ освоил 5.647 гласови или 2,58  проценти, НДП 3.123 или 1,43 отсто, ВМРО-НП 2.328 или 1,06 проценти, Достоинство 1.705 гласови или 0,78 проценти, Коалицијата за позитивна Македонија 1.654 или 0,76 проценти од гласовите, СДПМ 779 гласови или 0,36 проценти, ПЕИ 528 односно 0,24 проценти, НДМ 397 или 0,18 отство од гласовите, ПЕП 21.290 гласови или 0,13 проценти, и ПДП 57 или 0,03 проценти од пребројаните гласови на овие избирачки места.

Би можело да ве интересира

Лога: ДИК да ја разјасни дилемата околу бројот на кандидати на советничките листи

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски