ДИК: Во континуитет работиме на заштита на податоците и на заштита од хакерски напади

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) во континуитет работи на заштита на податоците на избирачите и заштитата од хакерски напади. За таа цел донесена е ИКТ Стратегија и формирано Меѓу институционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, информираат за МИА од ДИК.

-Во однос на вашето прашање за заштита на податоците на избирачите и заштитата од хакерски напади, ве информираме дека Државната изборна комисија во континуитет работи на овие прашања и за таа цел ја донесе ИКТ Стратегијата на Државната изборна комисија со Акциски план и формираше Меѓу институционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, кое е во постојана координација за сите прашања во однос на безбедноста на податоците и заштитата од хакерски напади, посочуваат од Државната изборна комисија.

Пред неколку дена повторно имаше хакерски напади во некои институции и во јавноста се отвори прашањето за заштита на личните податоци на избирачките и заштита од хакерски напади на ДИК имајќи ги предвид претстојните претседателски (28 април) и парламентарни избори (8 мај).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Одѕивот на изборите до 17 часот е 44,18 отсто

Горан Наумовски

До полноќ трае собирањето потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори

До ДИК поднесена нова иницијатива за собирање потписи за претседател

ДИК по службена должност ќе прибере податоци за исполнување на условите за кандидатите кои ќе поднесат листи за избор на претседател

Собранието в среда ќе гласа за член на ДИК и за Законот за игри на среќа

Кандидатот на Европски сојуз за промени го помина комисискиот филтер за члeн на ДИК