ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7

Од:

Од досега обработени 43,32 отсто од гласовите и податоци од 1 713 избирачки места од вкупно 3 474, според досегашните податоци на ДИК, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ, СДСМ и Националната алијанса за интеграција во седум општини и Демократската партија на Турците во една општина.

Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ водат во Аеродром, Берово, Битола, Босилево, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кисела Вода, Кичево, Кочани, Кратово, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Чашка, Чучер Сандево, Штип и Шуто Оризари.

СДСМ и Коалицијата водат во општините Богдацни, Зрновци, Конче, Крива Паланка, Лозово, Центар и Чешиново Облешево.

Кандидатите од Коалицијата Вреди според досега обработените податоци водат во општините Боговиње, Брвеница, Дебар, Желино, Теарце, Тетово и Чаир.

Кандидатите на НАИ водат во општините Арачиново, Бутел, Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница и Сарај.

Во Струга и Студеничани водат независните кандидати за градоначалници.

Кандидатот на Демократската партија на Турците води во Центар Жупа.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

Хаким Рамадани поднел приговори за вториот круг од изборите во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници