ДИК: ВМРО-ДПМНЕ потрошила 43 милиони денари, СДСМ 19 милиони денари

Од:

До Државната изборна комисија (ДИК) во законскиот рок до полноќ, финансиски извештаи за приходите и расходите од 21 до 30 ноември десетиот ден од изборната кампања доставиле сите коалиции и партии учесници на изборите на 11 декември.

До Комисијата извештаи за потрошените средства во првите 10 дена од кампањата доставиле ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, СДСМ и коалицијата, ДУИ,  ДПА, Демократската бошњачка партија, Коалицијата за промени и правда – Трет блок, Коалиција Алијанса за Албанците, Либералната партија на Македонија, Коалиција ВМРО за Македонија, БЕСА и Левица.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пријавила расходи од 43 милиони 961 илјада и 384 денари.

Според финансискиот извештај на здружената опозиција предводена од СДСМ, расходите од 10 до 30 ноември изнесувале 19 милиони 683 илјади и 894 денари.

ДУИ како расходи пријавила пет милиони и 336 илјади и 095 денари.

ДПА пријавила вкупно расходи од 433 илјади и 840 денари.

Коалицијата за правда и промени – Трет Блок вкупни расходи од еден милион и 559 илјади и 635 денари.

Коалицијата Алијанса за Албанците како расходи пријавила 893.519.

Либералната партија, пак, потрошила 477 илјади и 811 денари.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ како расходи пријавила две милиони 848 илјади и 970 илјади.

Партијата за демократски просперитет има потрошено 262 илјади и 761 денар.

БЕСА во финансискиот извештај пријавила четири милиони 725 илјади и 217 денари.

Левица пријавила расход од 81 илјади и 354 денари.

Дел од партиите навеле дека извештаите ги доставиле освен до ДИК, Државната ревизија и Комисијата за спречување на корупцијата.

Учесниците на изборите финансиски извештај треба да достават и до 10 декември односно еден по завршувањето на изборната кампања со спецификација за трошоците на приходите и расходите на жиро сметката за изборната кампања за втората половина од изборната кампања. Исто така најдоцна до 26 декември коалициите и партиите се должни веднаш а најдоцна во рок од 30 дена од денот на затворањето на трансакциската сметка да поднесе вкупен финансиски извештај за изборната кампања. Финансискиот извештај се поднесува до ДИК, ДЗР, ДКСК и Собранието на Република Македонија. Финансискиот извештај ДИК, ДЗР и ДКСК јавно го објавуваат на своите веб страни.

Радиодифузерите и печатените медиуми во Република Македонија се должни најдоцна 15 дена од денот на завршување на изборната кампања односно до 26 декември да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа. Извештаите се доставуваат и до ДИК, ДЗР и до ДКСК.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино