Државната изборна комисија претпладнево ги објави првичните целосни резултати за Градот Скопје и за 31 општина каде што вчера се одржа вториот круг од локалните избори и прегласување на првиот изборен круг.
Според првичните резултати на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното гласање победи во Скопје и во 16 општини, СДСМ во три, ДУИ во седум, ДПА во две, Српската напредна странка во една, а во една општина градоначалник ќе биде независен кандидат. Втор круг ќе има во Долнени, каде што по вчерашното прегласување ниеден кандидат не го доби потребниот број гласови за победа во првиот изборен круг.
Резултати од вториот круг и од прегласувањето на првиот круг на локалните избори:
Скопје – Победи Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ со 59,35 отсто од гласовите, пред Јани Макрадули со 36,43.
Арачиново – Победи Брахим Ајваз од ДУИ со 52,11 проценти освоени гласови пред независниот кандидат Бастри Барјами со 47,14 освоени гласови
Берово – Победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Драги Наџински со 51,97 освоени гласови пред Звонко Пеќески од СДСМ со 45,77 проценти од гласовите.
Битола – Победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Талески со освоени 54,93 проценти од гласовите, наспроти Менде Диневски од СДСМ со освоени 41,37 проценти
Богданци – Победи Анастасија Олумчева од ВМРО-ДПМНЕ со 52,48 проценти освоени гласови пред Зоран Прочков од СДСМ 45,34
Брвеница – Победи Енвер Пајазити од ДУИ со 51,92 проценти од гласовите пред Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ со 46,93 проценти
Бутел – Победи Петре Латиновски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 65,13 проценти од гласовите, пред Коста Начевски од СДСМ со освоени 31,14 проценти
Велес – Победи Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ со 54,4 проценти освоени гласови пред Аце Коцевски од СДСМ си 43,41 процент
Врапчиште – Победи Бајрам Кадрија од ДУИ со 51,25 проценти од гласовите пред Исен Шабани со 47,04 проценти
Гостивар – Победи Невзат Бејта од ДУИ со освоени 50,5 проценти од гласовите пред Руфи Османи од НДП со 47,51 проценти.
Дебарца – Игор Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ со 51,59 пред Љупчо Којчиновски од СДСМ со 46,72
Делчево – Победи Дарко Шехтански од ВМРО-ДПМНЕ со 57,18 пред Голупчо Ангелов од СДСМ со 37,54
Ѓорче Петров – Победи Сокол Митровски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 50,39 проценти од гласовите наспроти Александар Наумовски од СДСМ со освоени 46,43 проценти
Јегуновце – Победи Тони Коцески од ВМРО-ДПМНЕ со 54,97 освоени гласови пред Дарко Блажески од СДСМ со 42,85 проценти
Кавадарци – Победи Александар Панов од ВМРО-ДПМНЕ со 56,66 освоени гласови пред Бетијан Китев со 41,09 проценти
Карбинци – Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 58,78 проценти од гласовите пред Ристе Бањеглав од СДСМ со 37,75 проценти
Карпош – Победи Стевчо Јакимовски од СНС со освоени 63,36 проценти од гласовите, пред Андреј Петров од СДСМ со 28,15 проценти
Кочани – Победи Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 52,48 проценти, пред Миле Андонов од СДСМ со освоени 43,85 проценти од гласовите
Куманово – Победи Зоран Дамјановски од СДСМ со освоени 50,77 проценти од гласовите пред Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 47,28 проценти
Лозово – Победи Орце Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ со 54,33 освоени гласови пред Ацо Велковски од СДСМ со освоени 43,64 проценти
Могила – Победи независниот кандидат Стево Пивковски со 52,56 освоени гласови пред Славко Велевски од ВМРО-ДПМНЕ со 46,24 проценти
Ресен – Победи Ѓоко Стрезовски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 64,91 процент од гласовите пред независниот кандидат Димитар Бузлевски со освоени 35,09 проценти
Старо Нагоричане – Победи Милован Стојковски од ВМРО – ДПМНЕ со освоени 51,98 процент од гласовите пред Власте Димковиќ од СНС со 45,34
Студеничани – Победи кандидатот на ДПА Азем Садику со освоени 49,69 проценти од глаовите односно 17 гласови повече од противкандидатот на ДУИ Фати Исени за кого гласале 49,49 проценти од гласачите.
Теарце – Победи Исен Асани од ДУИ со 55,87 проценти освоени гласови пред Рухан Илази од ДПА со 42,8 проценти
Тетово – Победи Теута Арифи од ДУИ со освоени 55,54 проценти од гласовите пред Сади Беџети од ДПА со 41,93 проценти
Чешиново – Облешево – Победи Костадин Личков од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 55,75 проценти од гласовите пред Горанчо Крстев од СДСМ со освоени 41,54 проценти.
Чаир – Победи Изет Меџити од ДУИ со освоени 62,72, пред Мухамед Тачи од ДПА со 26,66 отсто од гласовите.
Центар – Победи Андреј Жерневоски од коалицијата Сојуз за иднината освоил 51,77%, а Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ со 48,23%.
Струга – Победи Зијадин Села од ДПА со 57,3 отсто, а Владимир Кочоски од ВМРО-ДПМНЕ 42,15 проценти.
Во Струмица по прегласувањето на три избирачки места на првиот круг од локалните избори победи Зоран Заев од СДСМ со освоени 51,56 проценти од гласовите пред Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 45,85 проценти од гласовите.
Во општина Долнени по денешното прегласување на едно избирачко место победникот ќе се знае во вториот круг за две недели бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои потребниот број гласови. Во вториот круг одат Боше Милошески од ВМРО-ДПМНЕ со 28,83 и Абдула Бајрамовски од ДУИ со 27,31 процент.
Во вториот круг се избираа градоначалници во 29 општини и во Градот Скопје. Првиот круг се прегласуваше на три избирачки места во Струмица и на едно во Општина Долнени.
Право на глас во вториот круг од локалните изборите имаа милион 103 илјади и 175 граѓани на 1.614 избирачки места.