ДИК: Вкрстената проверка по финалниот извештај од консултантите

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) во соопштение за активностите што ги презема наведува дека моментно се врши проверка на податоците во секоја од базите, по што податоците ќе бидат префрлени во единствен сервер на ДИК, на кој ќе се вршат вкрстените проверки.

Четворицата консултанти за информатичка технологија предложени од четирите најголеми политички партии и еден меѓународен консултант, ангажиран од ИФЕС, кој ја координира работата, според ДИК, го извршиле вчитувањето на податоците во една единствена база и нивно стандардизирање и оптимизирање во потребен формат.

– Тимот консултанти подготвува предлог-листа на прашања за тестови за вкрстените проверки на Избирачкиот список кои наведува дека ќе бидат веднаш усвоени. Тимот консултанти ќе подготви и пред Државната изборна комисија ќе презентира и финален извештај, по чие усвојување од страна на ДИК ќе почнат со работа трите ИТ компании кои ќе ја извршат вкрстената проверка на базите на податоци, се вели во соопштението од ДИК од каде истакнуваат дека ги имаат донесено сите потребни акти за постапката за проверка и ажурирање, како и целосен пристап, вршење промени и бришење податоци во Избирачкиот список.

Од Државната изборна комисија наведуваат и дека вршат кадровско доекипирање.

– Целосно е спроведен огласот за вработување лица во одделенијата за избирачки список и за информатичка технологија. Со оглед на тоа дека не се пријавија доволен број кандидати, огласот за пополнување работни места во секторот за ИТ ќе биде делумно повторен. Во тек е и постапката за вработување 11 лица во правната служба на Државната изборна комисија и нејзините подрачни одделенија, соопштува ДИК.

ДИК укажува и дека на нивно барање од 8 февруари Министерството за финансии на 16 февруари извршило пренасочување на буџетски средства на сметката на ДИК, за да можат целосно да бидат спроведени сите активности поврзани со изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски