ДИК усвои ИКТ стратегија 2021-2023 што треба да и помогне за заштита и од сајбер напади

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница усвои ИКТ стратегија за периодот 2021-2023 година. Оваа стратегија, по минатогодишните проблеми со неможноста да се видат резултатите од парламентарните избори, според членот на ДИК Бобан Стојановски, ќе придонесе за јакнење на довербата на граѓаните во Комисијата, како и на учесниците во изборниот процес.

-Потребата од оваа стратегија произлезе од искуството од претходните избори со сајбер напади, како и од дадените препораки од набљудувачката мисија од ОБСЕ/ОДИХР за превремените избори за пратеници што се одржаа лани, изјави Стојановски.

Како што појасни тој, во самата Стратегија се дадени насоки како треба да се развива информацискиот систем во ДИК, како и за развој на придружните елементи како што се безбедноста, секторот за ИТ, организација на процесите, изработка на процедури и слично.

-Исто така оваа стратегија претставува добра појдновна основа и ги опфаќа голем дел од информатичката и мрежната структура на ДИК, врши анализа на истата, и посочува на се она што треба да биде превземено за да го унапредиме системот на ИТ во ДИК, како и да ги спречиме оние таканаречени сајбер напади на апликации и веб страната на ДИК кои се случија во минатото односно доколку се случат во иднина тие да бидат полесно и полесно да бидат превенирани бидејќи знаеме дека никоја институција како во Македонија, така и во светот не е имуна ниту пак целосно може да се заштити од ваквите сајбер напади, рече Стојановски.

Работната група, како што информираше тој, била составена од ИТ експерти од државни институции, од Факултетот за информатички технологии и други независни институции. Во тек е и подготовка на акциски план.

На днешната седница на ДИК се изврши и разрешување на нивно барање на 22 членови на општинските изборни комисии и избор на нови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа