ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево во 14 часот ќе одржи седница на која треба да го заклучи Избирачкиот список.

ДИК до денеска требаше да ги изврши сите промени кои произлегоа од јавниот увид во Избирачкиот список што траеше од 23 февруари до 14 март 2019 година.

Во тој период увид извршиле 53.972.000 граѓани. За 517 лица беше донесено решение за запишување во Избирачкиот список, за 412 е донесено решение за бришење, а промена на податоците е направена за 129 граѓани.

Заклучениот Избирачки список, односно изводите од списокот на кој се гласа, ДИК треба да ги потпише 15 дена пред денот на изборите, односно најдоцна до 5 април.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини