ДИК теренски ќе проверува 110.440 гласачи

Од:

Државната изборна комисија одлучи да се изврши теренска проверка за 110.440 гласачи кои по вкрстувањето на податоците се покажаа како спорни .Дополнително ќе одлучи дали теренски ќе проверува уште 62.837 лица, откако претходно за нив ќе се изврши административна проверка.

Исто така, админстративно треба да се проверат податоците и за 35.859 избирачи кои најверојатно се починати.

Нема да има проверки за најспорните 124.027 гласачи (на привремена работа или престој во странство) за кои имаше сомневање дека се иселени. Тие имаат гласачко право и не се сомнители, заклучија членовите на ДИК, без гласовите на Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ, кои тогаш ја напуштрија седницата. Најголемите расправии во ДИК беа токму за оваа точка.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште