ДИК со укажување да се почитуваат протоколите за Ковид-19 за локалните избори во Штип и Пласница, одреден редоследот на кандидатите

Од:

Членовите на Државната изборна комисија денеска извршија жребување за редоследот на кандидатите на локалните избори во Штип и Пласница, а имајќи ја предвид го предвид секојдневното зголемување на бројот на лицата со Ковид-19 и во самоизолација тие ја потенцираа потребата од доследно почитување на мерките за заштита од корона вирусот.

Во Штип на гласачкото ливче со реден број 1 ќе биде Симон Поликарт од Интегра, со број 2 ќе биде Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов, предложен од Коалицијата Иднината во наши раце ќе биде со реден број 4, Трајчо Митев, предложен од група избирачи – 5 и Лазар Наумов од ТМРО ќе биде со реден број 7.

Кандидати за градоначалник на Пласница се Алија Јахоски од ДУИ, кој на глаачкото ливче ќе го носи редниот број 3, и Рамазан Шерифовски, од Движењето за национално единство на Турците, кој биде со реден број 6.

Локалните избори за градоначалник во Штип и Пласница ќе се одржат согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 што се применуваа за последните парламентрани избори што се одржаа во јули. Ќе важат исто така и истите упатства за спроведување на изборите со одредени модификации имајќи предвид дека ова се избори за градоначалник. Она што ги загрижува членовите на ДИК е зголемувањето на бројките на лицата со Ковид-19 и лицата со самоизолација, за што тие ја потенцираа потребата од почитување на мерките за заштита на сите учесници на изборите.

Локалните избори за градоначалник треба да се спроведат на 13 декември, а два дена претодно треба да се реализира гласањето на лицата со Ковид-19 или со самоизолација кои најдоцна до 4 декември треба електронски или преку поломошник да се пријават до ОИК за гласање.

Имајќи ги предвид големите бројки на заболени и трипати повеќе, како што истакнаа, на оние што се во изолација, челновите на Комисијата беа во дилема дали за Штип да се формираат четири или пет посебни избирачки одбори составени од медицински лица кои ќе го спроведат гласањето меѓу лицата со Ковид или во самоизолација. Сепак, како што соопшти потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, која ја водеше седницата, избрани се членови за пет посебни избирачки одбори, но оваа бројка може да се намали или да се зголеми кога ќе се види колкумина ќе се пријават за гласање.

Избирачкиот список за овие избори ќе биде заклучен на 20 ноември, а кампањата ќе започне на 21 ноември. ДИК ги повика учесниците на изборите на фер и демократски избори со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на локалните избори во Штип и Пласница.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино