ДИК: Шпекулации се информациите за гласањето во Идризово, дури утре се бројат гласовите

Од:

Чиста дезинформација се објавите на социјалните мрежи дека веќе е познато која партија колку гласови добила од затворениците во КПД Идризово кои гласаат денеска.

Од ДИК за A1он појаснуваат дека гласањето трае до 19 часот, и потоа избирачките ливчиња се ставаат во црвени коверти на кои стои општината од каде доаѓа затвореникот. Овие гласови ќе се бројат, утре, по завршувањето на гласањето.

Секое ливче од лицата на издржување на затворска казна се брои на избирачкото место каде вообичаено или е определено да гласа затвореникот и ќе бидат евидентирани во записникот.

„Излезноста може да се знае, но никако и резултатот. Тоа се шпекулации и дезинформации“, велат од ДИК за A1он.

Реакцијата доаѓа откако на социјалните мрежи се врши манипулација за наводна голема поддршка во бројки за одредена политичка партија, а целта е психолошки да се влијае на гласачите.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште