ДИК: Прегласување во Долнени и Струмица, втор круг во 29 општини и Скопје

Од:

В недела прегласување на првиот круг од локалните избори ќе има на едно избирачко место во Долнени и на три избирачки места во Струмица. Втор круг гласање на локалните избори ќе има во 29 општини плус градот Скопје.

– Државната изборна комисија согласно одлуките на Управниот суд донесе решение за повторување на гласањето за едно избирачко место во Долнени 1473 и за три избирачки места во Струмица 1727 и 1730 и 1734, каде треба да се повтори гласањето во првиот круг, рече попладнево на прес-конференција претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Втор круг гласање ќе има во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Скопје, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир и Чешиново-Облешево.

Управниот суд ги отфрли сите тужби од сите политички партии освен една за Кичево, но таму нема да има прегласување.

Гласањето во првиот круг од локалните избори заврши во вкупно 49 општини.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ