ДИК потврди дека се невозможни избори на 24. април со темелна проверка на избирачкиот список 

Од:

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски потврди дека изборите на 24. април може да се спроведат технички, но не и со темелна проверка на избирачкиот список, рече олеснувачот на преговорите, Питер Ванхауте за А1он.

Тој додаде дека по разговорот со Чичаковски, сфатил дека за да се решат проблемите е потребно време и не треба да цврсто да се држиме за роковоите.

– Она што е потребно е да се обезбедат услови за прочистување на Избирачкиот список за да има кредибилни избори“, изјави Ванхауте и додаде дека денешната средба не била преговарачка, туку биле само разговори за изборниот процес.

Тој додаде дека претседателот на ДИК, Чичаковски поделил изјава од три страници на политичките партии присутни во Клубот на пратеници, а односите меѓу партиите биле прилично напнати.

Ванхауте кажа дека претседателот на ДИК и самиот признава дека нема соодветна екипа и со тоа спроведувањето на активностите во кус рок не би било целосно, а изборите на 24. април би биле без целосно прочистен избирчаки список.

Александар Тодески

 

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто