ДИК: Поради недоволен број пријавени нема да се гласа во осум градови во дијаспората

Од:

Во осум градови во дијаспората нема да се спроведе гласање на парламентарните избори 2016 година, бидејќи не се пријавиле доволен број гласачиза да се организираат избори.

Државната изборна комисија информира дека во Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин и Тел Авив иако во законски определениот рок се пријавиле за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија нема да се организира гласање, бидејќи бројот на пријавени граѓани е помал од 10.

Од ДИК појаснуваат дека согласно Изборниот законик во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии нема да се спроведе гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани за 11 декември 2016 година.

Граѓаните кои се пријавиле за гласање во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии, своето право на глас ќе можат да го реализираат на нивните избирачки места според адресните податоци во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто