ДИК отфрли уште еден приговор на СДСМ

Од:

Државната изборна комисија попладнево ја продолжи седницата за приговорите со разгледување на поднесокот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 1978 во Тетово. Приговорот по расправата беше отфлен со два гласа за и седум против.

Забелешката, како што посочуваат, се однесува на неправилно утвдување на резулатите од гласањето при што постои разлика помеѓу констатираните резултати од страна на ИО при сумирање и утврдување на резултатите од гласањето (443) и при доделување на гласовите на кандидатите (444).

Досега, ДИК одби три приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и седум приговори од Движењето Беса. За еден приговор од движењето Беса кој се однесува на избирачко место во Гостивар ДИК побара графолошко вештачење на потписот на еден гласач за кој се утврдило дека има обид за гласање по вторпат.

За приговорот за избирачкото место 2016 каде по барање на ДИК денеска на седница ќе треба да дојдат и останатите членови на избирачкиот одбор со цел да го потврдат избирачкиот записник.

Пред просториите на Државната изборна комисија и денеска се собрани граѓани кои протестираат за, како што посочуваат, да спречат да биде одземена волјата на мнозинството гласачи.

Би можело да ве интересира

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски