ДИК одлучи да се направи увид во гласачкиот материјал во Чаир

Од:

По долга пауза Државната изборна комисија синоќа одлучи да се направи увид во гласачкиот материјал за Чаир за да се утврди дали се веродостојни изборните резултати во првиот круг за кои ДПА смета дека е направен фалсификат.

Ако се потврдат наводите на партијата можно е и во Чаир да има втор изборен круг. Според изборните резултати во оваа скопска општина на изборите на 24 март победил кандидатот на ДУИ и досегашен градоначалник Изет Меџити.

ДИК вчера од приговорите на ДПА го прифати и тој за општина Долнени каде ќе има прегласување на едно избирачко место. Од тоа ќе зависи дали во вториот круг ќе оди кандидатот на ДУИ или на ДПА во трка со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија